30-годишниот српски кошаркар Стефан Балмазовиќ, ќе биде новото засилување за тимот на Работнички. Станува збор за 202 сантиметри висок крилен центар деновиве ќе биде промовиран во тимот од Градски Парк.

Балмазовиќ во минатото беше дел од младите категории на Црвена Звезда, а потоа играше Мега, Металац, Раднички Крагујевац, Вршац, Залакамерија, Младост, Старт Лубин, ПГЕ Туров, Фалко, а последен клуб му е Натурекс Зедек од Унгарија.

Балмазовиќ е роден во Србија, но според информациите поседува и пасош на Франција.