Белгискиот репрезентативец Еден Азар има кошмарна сезона во Реал Мадрид. Не само што не можеше да се вклопи во екипата, се повреди и паузираше три месеци. Само што се врати пак се повреди. Азар мораше да го напушти мечот со Леванте во 67 минута поради повреда. Не изгледа добро, Белгиецот седна на клупата со мраз на десниот скочен зглоб.

Се чини дека Белгиецот ќе мора одново на пауза и ќе пропушти два важни натпревари за „кралевите“ против Манчестер Сити во ЛШ и Барселона во Ла Лига и двата на домашен терен.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат направени прегледи да се утврди сериозноста на повредата и дали Азар ќе може да помогне или ќе мора на пауза. Според гестикулациите на Белгиецот не влева оптимизам во тимот.