Дербито на 20.коло во ПМФЛ се игра утре во Кратово. Се среѓаваат Силекс и Шкендија, тоа во некоја рака ќе биде и битка за втората позицијата на табелата, се разбира во моментов зошто првакот нема намера така лесно да му ја препушти титулата на Вардар. Тетовци тоа го покажаа на гостувањето кај Академија Пандев, а и Силекс стартуваше пролетва со гостинска победа, и тоа кај Ренова. За тоа што може Шкендија да очекува од ова тешко гостување, свој коментар има Арменд Алими, клучниот играч на првакот.

„Силекс е во добра форма, игра добро сезонава, и затоа амбициите му пораснаа. Од друга страна јас цврсто верувам, дека ако ние сме оние вистинските, ќе можеме од Кратово да се вратиме со трите бода. Триумфот над Академија Пандев минатиот викенд ќе има значење само ако победиме и во Кратово. Свесни сме за тешката задача пред нас, но како што реков, верувам дека Шкендија и од ова гостување може да се врати со победа“ изјави Алими за клупскиот сајт.