Одличните игри сезонава на Аталанта како во Серија „А“ така и во Лигата на шампионите, го натераа раководството на тимот да мисли да му понуди нов договор на тренерот Џан Пјеро Гасперини. Претседателот на клубот Антонио Перкаси најави дека на тренерот ќе му биде понуден нов договор, најавувајќи дека сака да биде „новиот Фергусон“.

„Најважно е прво успешно да ја завршиме сезоната и потоа ќе размислуваме што понатаму. Би ни било мило кога Гаспирини би бил нашиот Фергусон и моментално размислуваме за нов договор“, рече Перкаси.

Гасперини од 2016 година е тренер на италијанскиот тим, и успеа лани да избори место во ЛШ, каде што Аталанта влезе во 1/8 финалето, и со триумфот над Валенсија од 4:1, е блиску да оди понатаму.