Изненадувачко убедлива победа на РБ Лајпциг на гостувањето кај Шалке вечерва во рамките на Бундес лигата. Популарните „бикови“ го уништија Гелзенкирхен и на Шалке му го нанесоа еден од најтешките порази на негов терен во последните години.

Уште во првата минута Сабицер донесе водство за гостите. 1:0 беше се до 61 минута, а потоа „биковите“ ја наполнија мрежата на домашниот тим. Тимо Вернер зголеми на 2:0, Халштенберг на 3:0, а потоа новакот Анхелино и Емил Форсберг ги заокружија конечните 5:0.

Анхелино е 14-ти различен стрелец за РБ Лајпциг оваа сезона, само Борусија Дортмунд има повеќе од нив. А Тимо Вернер постигна 88 голови во 147 натпревари со што се нареди на првото место како најдобар клупски стрелец со ист број на голови со Даниел Фран.

Standings provided by Sofascore LiveScore