Полека, но сигурно се загрева атмосферата по повод историскиот дуел со Косово кој што ќе се одигра на 26 март во Скопје.

Нема сомневање дека Арената ќе биде преполна, барањата за билети се огромни,интересот како никогаш досега, сигурно е дека ќе има 35.000 гледачи.

Ново е тоа што од викендов фудбалските фанови ќе може да си купат билети преку Општинските фудбалски сојузи низ земјата. Сите клубови во ОФС, но и граѓаните на тие  места се информирани дека до понеделник – вторник, ќе можат да си набават билети кои чинат по 300 и 400 денари.

Се разбира тоа може да го направат само со лична карта. Потоа, она што ќе остане, но и предвидениот контигент на билети, ќе се продава преку МК Тикетс и преку ФФМ.