Мауро Икарди се покажа во одлична форма во досегашниот дел од сезоната во дресот на ПСЖ, пистигна 19 головите на 28 меча во сите натпреварувања.

Одамна се шпекулираше дека францускиот првак на лето ќе го откупи неговиот договор, но работите се менуваат.

Италијанските медиуми пишуваат дека ќе се врати во Италија кај неговото семејство, и дека може да направи вето на договорот меѓу Интер и ПСЖ, поточно да го стопира трансферот.

Аргентинецот има право да го стори тоа дури и во ситуација кога ПСЖ би го откупил неговиот договор. Во овој случај ќе остане во Интер и ќе има право да преговара со други клубови.

Слична ситуација видовме во 2015 година кога Салах замина на позајмица во Фиорентина од Челзи. Италијанскиот тим сакаше да го откупи договорот, но тој постави вето, на крајот потпиша за Рома.

ПСЖ има опција да го купи Икарди за 70 милиони евра, но како стојат работите тој сигурно ќе се врати во Италија, првиот тим со кого најмногу го поврзуваат е Јувентус.