Паниката околу коронавирусот стигна и до второто ниво на италијанскиот фудбал. Епидемијата стигна и до Италија поточно во областа Ломбардија каде беа откажани десетици натпревари во аматерското, јуниорското и полупрофесионалното ниво.

Од таа причина денеска беа одложени мечевите меѓу Асколи и Кремонезе од 25. коло на Серија Б, како и Пјаченца – Самбенедедзе од Серија Ц.

Во Италија  е потврдено дека има 50 заболени од вирусот, а има и две жртви.