Вечерва на својот стадион, Леванте во рамките на 25 коло во Ла Лига, го дочекува Реал Мадрид. Тоа ќе биде „кралски“ предизвик за Енис Барди, еден од нашите најдобри фудбалери.

Секако дека секој ден не се игра против најголемиот клуб во светот, па има ли поголем мотив за детето од Чаир, токму против Реал покаже што знае.

Уште ако има шанса да шутне некој слободен удар од околу 20-25 метри, е тогаш нека му мисли Куртоа, или кој и да биде на голото на тимот на Зинедин Зидан.

Време е Барди да го постигне и третиот гол сезонава.