Каква неверојатна партија за голманот на Мешков Брест, Иван Мацкевич, кој запиша 23 одбрани во дуелот со Кил, и му донесе победа на белорускиот првак 33:30 (16:13) во „Викторија“ во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Лидерот во групата Б, досега сезонава имаше само еден пораз, а вечерва го заработи и вториот, во кој делуваше комплетно немоќно пред расположениот белоруски чувар на мрежата.

Кога на ваквата игра на голманот ќе се додадат и 11 поени на Микита Вајлупов, јасно е каде Мешков Брест го добил дуелот.

А, не дека Кил имаше лош ден. Нивниот голман Квенштед заврши со 14 одбрани, Нилсон имаше 8 погодоци, Екберг, Вајнхолд и Јакобсен по 4 гола… но домашните ракометари се чини дека беа порешителни во своите акции.