Сезоната на Шалке е многу подобра од претходната во која беше во близина на зоната за испаѓање, а во еден момент дури делуваше како кандидат за плеј-аут. Сега „сините“ се на позиција која води во Лига Европа, иако и местата кои водат во ЛШ не се премногу далеку – соседите од Дортмунд и Менхенгладбах им бегаат шест бодови. На хартија сето тоа делува убаво, но реално гледано, екипата која ја тренира Давид Вагнер се наоѓа точно таму каде што и треба. Нашето тврдење го покрепува и нејзината актуелна форма – „петарда“ во Минхен, па три едноподруго ремија со противници од долната третина на табелата кои доведоа до губење на самодовербата, а вистинските предизвици допрва престојат.

ГЕРМАНИЈА 1 – 23.КОЛО

ШАЛКЕ – РБ ЛАЈПЦИГ
Сабота, 18.30
Шифра: 3014

НАШИ ПРЕДЛОЗИ
КТ           2              1,85
ВГ           2-4          1,45
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА ОВОЈ ЛИНК

Прво доаѓа Лајпциг. Бело-црвените имаат само бод помалку од водечкиот Баерн со кого пред две кола одиграа 0:0 на „Алијанц арена“, со тоа што можат да жалат што не го однесоа целиот плен. Таа и минатонеделната партија против Вердер (3:0) покажуваат дека младиот тренер Јулијан Нагелсман успеал да ги извлече „биковите“ од краткотрајната криза и двојката дефинитивно е најизвесна од другите исходи – всушност, само Баерн освоил повеќе бодови на страна. На тоа ќе ја спомнеме и победата на Лајпциг во средата на гостувањето кај Тотенхем (1:0) во првиот осминафинален меч од ЛШ благодарение на голот на Вернер од пенал, а и одличните одбрани на голманот Гулаши.

Шалке се потпира на заморот на гостите поради гостувањето на Тотенхем во ЛШ, а и фактот дека есеноска изненади во Саксонија (3:1). Меѓутоа, отсутните фудбалери поради повреди како најдобриот стрелец Суат Сердар и еден од најдобрите играчи за врска Даниел Калиџури тешко се надокнадуваат и РБ тоа би требало да го искористи. Кој не се сложува може да проба со 2-4, тоа беше опсег на голови на пет од нивните седум меѓусебни средби.