Реал Мадрид го забележа вториот пораз сезонава во Ла Лига откако вечерва изгуби на гостувањето кај Леванте. Да потсетиме „кралевите“ првиот пораз го претрпеа на гостувањето кај Мајорка на Алекс Трајковски во октомври минатата година, а вечерва паднаа на „Сиутат де Валенсија“ пред Енис Барди и другарите.
Леванте го победи славниот мадридски клуб со 1:0 со прекрасниот гол на Моралес во 79 минута и со тоа му ставија сопка во трката по шампионската титула со Барселона. Барса сега има два поени предност во однов на второпласираниот Реал.
Македонскиот интернационалец Енис Барди одигра цел меч за Леванте и имаше неколку удари кон голот на „кралевите“ но непрецизни.