Боксерскиот свет е на нозе. Вечерва по америчко време, а по Средноевропско утре рано изутрина, во Лас Вегас во битката за титулата за светски првак во тешка категорија во ВБЦ верзијата се среќаваат Деонтеј Вајлдер и Тајсон Фјури. Службеното мерење се случи синоќа, а тоа кажува дека Фјури, кој е предизвикувач, е потежок од светскиот првак околу 20 килограми. Иако и двајцата се најтешки до сега во својата кариера, Вајлдер сега тежи 104 кг, додека неговиот ривал дури 123, сепак како што известуваат медиумите од Лас Вегас, и двајцата никогаш не изгледале во така добра форма, посебно Фјури.

Интересно е да се каже дека синоќа на службеното мерење немаше „инциденти“, немаше физички контакт меѓу боксерите, немаше вербални напади, со што новинарите останаа разочарани. Едноставно организаторот не сакаше ништо да ризикува. Па така тој ги остави „Бронзениот  бомбардер“ и “Кралот на Циганите“ во рингот да се покажат.