Утре во класичната скопска пресметка, се среќаваат Работнички и Шкупи. Натпреварот е своевидно дерби на 20.коло, а се игра на Арената „Тодор Проески“. Да потсетиме дека Работнички како домаќин дозволи на трибините да има и фанови од Чаир, т.н. “Шверцери“.

„Ние како Шкупи сме целосно подготвени за мечот со Работнички. Секако дека ќе дадеме се од себе, не криеме дека одиме на победа. Сакаме после натпреварот да славиме заедно со нашите „Шверцери“ кои утре ќе бидат нашето најсилно оружје против Работнички“ истакнува Јакуп Бериша, младиот офанзивец на Шкупи.