Јувентус го помина и СПАЛ во италијанското првенство. Потешко од очекувањата „Старата дама“ триумфираше на гостувањето со 2:1 со што ја зголеми предноста од четири бода во однос на вториот Лацио кој својот меч ќе го игра утре.

Кристијано Роналдо, на кого ова му беше 1000 натпревар во кариерата, го постигна првиот гол на мечот, а по него погоди и Ремзи.Поразот на СПАЛ го ублажи Петања со погодок од пенал.

Роналдо постигнува голови на 11 натпревари по ред во првенството со што го изедначи рекордот на Габриел Батистута од сезоната 1994/95 со Фиорентина и на Фабио Кваљарела од 2018/19 со Сампдорија. Ако се сметаат и натпреварите од италијанскиот Куп, четвртфиналето со Рома и првиот полуфинален меч со Милан, Роналдо реализирал голови на 13 мечеви по ред.

Разликата е што Батигол ги тресеше мрежите на 11 меча по ред без прекин, додека Роналдо и Кваљарела со прекин. На пример, Роналдо не беше во екипата против Бреша минатото коло.

Standings provided by Sofascore LiveScore