Денеска во Скопје заврши четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање Skopje on Ice 2020. В петок и в сабота на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ љубителите на овој спорт уживаа во уметноста на речиси сто натпреварувачи, од кои седумдесетина доаѓаат од странство.  Организатор на Skopje on Ice е Федерацијата за лизгачки спортови на Северна Македонија, која е формирана во 2013 година.

Натпреварот се реализира во вкупно седум категории, и тоа три категории во рамките на националниот натпревар (сениори, јуниори и младинци) и седум категории во меѓународниот натпревар.

А ова се националните прваци во уметничко лизгање за 2020:

Категорија Младинки:
1 место Јана Куковска
2 место Деана Прилепчанска
3 место Моника Макаровска

Категорија Јуниорки:
1 место Миа Николовска
2 место Лариса Богатиновска

Категорија Јуниори:
1 место Селдин Салиу

Категорија Сениорки:
1 место Климентина Малеевска
2 место Лара Герасимовска