Тајсон Фјури стана светски првак, откако во седмата рунда да го нокаутира Деонтеј Вајлдер.

Фјури доминираше во текот на целата борба во која на двапати дојде до прекин, Вајлдер преживеа одбројување. Американецот немаше одговор за агресивниот напад на противникот, па на крајот мораше да му пружи рака на новиот светски првак.

Вајлдер не се појави на прес-конференцијата, луѓето од неговиот тим информираа дека тој бил пренесен во болница поради повреда на увото. Тој во честата рунда крвареше, неговиот тренер изјави дека добил неколку сериозни повреди.