Далас не успеа да продолжи победнички, на гостувањето кај Атланта беше поразен со 111-107 без помошта на Лука Дончиќ. Словенецот не се најде во составот поради повреда на десниот скочен зглоб, додека го немаше ниту Порзингис, кој има проблем со левото колено.

Кошаркарите на Маверикс по првите две четвртини беа на плус 14, но поради лошата игра во последниот период, кој го изгубија со 34-21, беа поразени. Во редовите на домашниот тим Џон Колинс имаше 35 поени и 17 скока.

Хјустон го запиша третиот триумф во низа, на гости кај Јута славеше со 110-120 во одлично издание на Џејмс Харден кој постигна 38 поени, четири помалку имаше Расел Вестбрук.

Со скор од 36-20 Хјустон е на четвртото место во Западната конференција, додека Јута е едно место подоле со истиот скор.

Резултати: Шарлот – Бруклин 86-115, Атланта – Далас 111-107, Чикаго – Феникс 104-112, Мајами – Кливленд 125-105, Милвоки – Филаделфија 119-98, Јута – Хјустон 110-120.