„Кралот на Циганите“ сега е и КРАЛ на боксот. Тајсон Фјури пред неколку часа во фантастична претстава во Лас Вегас, успеа со нокаут во седмата рунда да го нокаутира Деонтеј Вајлдер и со тоа стана светски првак.

И двајцата ќе заработат одлична сума на пари. Пред борбата, им беа загарантирани 28 милиони долари, а во истиот дел (50-50) би ги поделиле и телевизиските права, поточно од „pay-per-view“ приходот. Се очекува на секој боксер да му донесе по 12 милиони долари.

Посебна клаузула во договорот има за евентуалната трета борба. Доколку се случи до крајот на годината, Тајсон Фјури ќе добие 60%, а Вајлдер 40 проценти од профитот.