Интересна прес-конференција се одржа во Перм. За жал од ФИБА се вклучија многу подоцна па првите впечатоци на Александар Тодоров ќе ги пренсеме подоцна.

Руските новинари го прашаа нашиот селектор зошто го нема Лестер Бо Мекејлеб во составот.

„Мојата идеја да имаме домашни играчи – поентери, бидејќи имаме поголеми проблеми под обрачите, а не со бекови. Затоа го земав Витингтон, а не некој друг“.

Го прашаа дали кошарката е спорт број еден во Македонија.

„Кошарката порано беше спорт број еден, но потоа го изгуби тоа прво место, откако почна растот на ракометот, кога почнаа тимовите да играат Лигата на шампионите.
Играчите се уште млади, но мислам дека публиката го препозна нивниот квалитет и ќе се дојде одново“, рече Тодоров.