Интересен момент во Ѓорче. Се играше 58.минута кога главниот судија Марјан Маркоски се повреди. Долго му се укажуваше лекарска помош, но повредата не била така наивна, па така охриѓанецот го напушти теренот а на негово место влезе Благојче Ралевски, четвртиот судија кој во продолжението од средбата беше главен судија. И веднаш имаше работа. Имено имаше две топки на теренот, Јашаровски беше во напад, а Костов ја имаше втората топка, кој потоа со рака ја исфрли кон топката на Јашаровски. Тоа за судијата Ралевски беше црвен картон.