По долгиот пат, краткото време за одмор, подготовка и сезомање по поразот од Естонија на домашен терен, денеска (16 часот) во Перм ги чека нова битка за враќање на европската карта.

Противник на нашата селекција е Русија, тим кој исто како и избраниците на Александар Тодоров ќе ја бара првата победа во овие квалификации.

Анализата од претходниот меч е направена, кошаркарите точно знаат кои се главните грешки, денеска се надеваат на многу подобро издание. Овој пат притисокот е на страната на Русија.

„Лошо го отворивме мечот, во еден грч, не посакувавме така да почнеме мислам дека втората четвртина беше пресудна за конечниот исход, доста офанзивни топки ни фатија, изгубени топки, не изреагиравме најдобро.

Нема предавање одиме до крај. Русија е добра селекција, бевме изненадени од поразот од Италија. Ќе дадеме максимум, да се покажеме во подобро светло, ќе бидеме поупуштени, ќе биде многу подобро“, вели Бојан Крстевски.