Филип Кузмановски и Магдебург ја добија големата битка во “ХХЛ” арената против Кирил Лазаров и Нант за првото место во групата во ЕХФ купот.

Кузмановски беше оној, кој ја запечати судбината на Лазаров и соиграчите со погодокот во последната минута за конечни, 31:28 (15:9).

Кузмановски и Магдебург имаа одлично прво полувреме во кое ја имаа иницијативата, но и го диктираа темпото на игра, а на полувремето заминаа со највисоки шест гола предност 15:9.

Можеби тоа до некаде се должеше и на фактот дека Лазаров имаше скромен прв дел, 1/5 погодоци, но се “разбуди” во вториот дел и го предводеше Нант кон изедначување, 21:21.

Гол за гол се играше до 27:27, за преку Дамгард и Лагелгрин да успее Магдебург да врзе три гола во низа и тоа во клучен момент на две минути до крајот на мечот.

Кузмановски со својот трет гол во пет обиди ја потврди победата на Магдебург.

Лазаров, пак, постигна шест погодоци од 12 обиди.