Андреј Магдевски добро го понесе товарот на плејмејкерската позиција. Кошаркарот на МЗТ Скопје верува дека овој тим има сили да се бори до крај, да обезбеди место на ЕП 2021 година.

„Со ваква игра како денес, и како во второто полувреме со Естонија можеме да се надеваме на пласман на ЕП. Денес покажавме цврста игра и карактер. Но за жал одлучија детали за овој пораз. Треба да се верува во овој тим. Не е ништо завршено ќе се бориме до крај“, изјави Магдевски за официјалниот сајт на КФСМ.

Македонија по два одиграни меча е на последното место на табелата со два порази.