Каков пресврт во режија на незапирлвиот „бомбардер“ Давид Тошевски, на Работнички со Шкупи. Чаирчани имаа водство по првиот дел, и тоа со голот на Исени од пенал, но тогаш „малиот“ рече доста е, и тргна да го тресе гостинскиот гол. Двапати прекрасно се снајде пред голот на гостите и му донесе супер важен триумф на својот тим од 2:1. Знае ли Работнички каков бисер има во своите редови?. Два пролетни меча, две победи, три гола и сите на тој Тошевски. Секоја чест за „малиот“.

Шкендија пак се чини како полека да попушта во битката за титулата. Не успеа да победи во Кратово, иако имаше и шанси, посебно во самиот финиш, но немаше среќа. Сега Шкендија има минус 10 бодови во однос на лидерот Вардар, тешко дека ќе може да го стигне. Им се лизга титулата на тетовци низ прсти.

Ренова со поквалитетна игра во текот на целиот меч, со головите на Миовски и Кадриу, со 2:0 успеа да слави над Стрига Трим Лум.

РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – А. ПАНДЕВ 1:0

(Блажевски (п) 100./)

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2:1

(Д. Тошевски 59., 79./Исени (п) 39.)

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0:0

РЕНОВА – СТРУГА 2:0

(Миовски 26., Кадриу 57./)

ВЧЕРА

БОРЕЦ – ВАРДАР 0:1

Standings provided by Sofascore LiveScore

Шансата на Шкендија на дуелот во Кратово.

Головите од дуелот Работнички – Шкупи 2:1