Светскиот фудбал во изминатата деценија, па и повеќе, ги има(ше) Лео Меси и Кристијано Роналдо. Сепак годините си минуваат, иако и натаму се најдобри, фудбалскиот живот си има свој век на траење. Но фудбалските фанови не треба да очајуваат. Место Меси и Кристијано, на најголемата светска фудбалска сцена стапува нов блескав фудбалски двоец, кој во наредната деценија и повеќе, ќе владее со светскиот фудбал.

Тоа се фудбалските „монструми“ Килијан Мбапе (Франција) и Ерлинг Халанд (Норвешка). Покрај Лео и Роналдо, сите фудбалски очи во последно време се вперени во Мбапе и Халанд. Првиот има 21 година, кариерата  ја започна во Монако, за да сега е „ѕвезда“ на ПСЖ. Според Трансфермаркт неговата цена е 200 милиони евра. Во лето се подготвува мега-трансфер, Реал, Ливерпул, Јувентус, или ќе остане во Париз.

Ерлинг Халанд па има 19 години, кариерата ја започнал во Бирн, потоа во Молде, Ред Бул Салцбург и сега во Борусија Дормунд за само месец дена просто експлодира. На шест меча во Бундеслигата постигна девет голови, а тресе и во Лигата на Шампионите. Веднаш стана икона на „Жолтиот ѕид“, трибината со најверните фанови на Борусија. Моментално според Трансфермаркт вреди 60 милиони евра, но истата секојдневно расте. И пред него е мега – трансфер.

Така да светскиот фудбал не мора да очајува откако Меси и Роналдо ќе заминат во пензија. 

Тука се Мбапе и Халанд…., како нивни легитимни наследници.

Минатата недела во ЛШ Мбапе и Халанд ги одмерија силите кога Борусија Дортмунд го победи ПСЖ со 2:1, значи првиот удар го зададе Халанд. Сега во реваншот на „Паркот на Принцовите“ на ред е Мбапе.

Убава алузија, светскиот фудбал моментално има двајца принцови, кои наскоро ќе станат КРАЛЕВИ.