Пола деценија истанбулските „лавови“ не знаат како да го совладаат Фенербахче во шампионатот, лутиот ривал во најголемото дерби на Турција, или во дуелот помеѓу Европа и Азија на Босфорот. Шанса за прекин на таа негативна традиција ќе имаат во недела на стадионот „Шукру Сарачоглу“, во рамките на 23 коло на Суперлигата, после кое многу работи нема да бидат исти.

Доволен е само поглед на табелата, па ситуацијата станува интересна. И оваа сезона турското првенство спаѓа меѓу најнапнатите. На врвот е Трабзон со бод повеќе од Башакшехир и два чекори пред Галата и Сивас, додека „канаринците“ се на минус шест. Освен тоа лидерот има меч помалку.

ТУРЦИЈА 1 – 23.КОЛО

ФЕНЕРБАХЧЕ – ГАЛАТАСАРАЈ
недела 17.00
Шифра: 5335

Предлози
ТГГ ГГ
КМБ X2&ГГ

 

Од тука, потенцијален кикс за домашната екипа може да значи отпишување од шампионската трка, додека Галатасарај поразот може скапо да го чини на крајот на сезоната.

Фенер веќе со години им го гледа грбот на Галата, Бешикташ и Башакшехир – последната титула им е пред шест години, а само две круни освои најтрофејниот турски клуб во последните 11 години  – и беше решен оваа година да се врати на тронот. Ангажираше звучни имиња како Макс Крузе и Луис Густаво, односно Адил Рами и ветеранот Емре Белозоглу, но засега тоа не ги дава очекуваните резултати.

Галата очигледно заборави како се добива дерби во лигата, бидејќи нема триумф над Фенер на десетте претходни дуели. Претходните пет завршија со поделба на пленот, но „лавовите“ предводени од искусниот Фатих Терим нанижаа шест победи во првенството и најавија јуриш кон одбрана на титулата.