Попладнево се закажани четири меча од 20.коло во ПМФЛ. Вчера Вардар славеше во Велес над Борец со 1:0. Покрај дербито во Кратово, секако дека големо внимание предизвикува и скопската пресметка од 14 часот на Арената меѓу Работнички и Шкупи. И двете екипи имаа победнички старт во пролетниот дел. Убав декор на мечот ќе му даде присуството на „Шверцерите“, се очекува убав меч на кој бодовите и на двете екипи им се прекупотребни, посебно на „романтичарите“ кои оздравеа од грипот и сега ќе имаат посилен тим од оној во Струга.

Македонија ЃП пак од 13 часот, низ директен пренос на ТВ Арена спорт и МРТВ, ќе ги дочека „пандевци“. Во Ѓорче силите ќе ги одмерат екипите кои не кријат дека имаат евро амбиции. Во секој случај ќе биде интересно и неизвесно.

Под Шара пак, екипата на Ренова, која ја чека грчевита битка за опстанок ќе ја нагости Струга Трим Лум, екипа која минатата недела беше изненадена од Работнички на свој терен. И на овој натпревар се очекува голема борбеност и неизвесност.

ДВОЈКИ – ДЕНЕСКА (14 Ч)

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

СИЛЕКС –ШКЕНДИЈА

РЕНОВА – СТРУГА ТЛ

МАКЕДОНИЈА ЃП – А. ПАНДЕВ (13 Ч)

ВЧЕРА: 

БОРЕЦ – ВАРДАР 0:1