Македонската кошаркарска репрезентација денеска (16 часот) и гостува на Русија во Перм во рамките на второто коло во квалификациите за пласман на ЕП 2021 година.

Селекторот, Александар Тодоров и неговите избраници ги чека уште потешка задача од онаа во Скопје, особено ако се земе во предвид дека домаќинот доцна синоќа направи две измени во составот, со две евролигашки ѕвезди ќе излезе на мегадансе приклучија Владислав Трушкин и Џоел Боломбој ќе излезе на мегадан против „црвено-жолтите“.

Покрај домашниот терен, на страната на Русија е традицијата. Македонија нема победа против оваа репрезентација.

Токму „зборнајата“ ни го нанесе најболниот пораз во историската година. Во Литванија во битката за третото место бевме поразени со 68-72. Дамјан Стојановски на 15 секунди до крајот промаши зицер за израмнување.

Македонија го освои четвртото место, најголем успех во историјата на овој спорт.

Имаме одиграно уште три меча, и тие ги доби Русија.

Натпреварот е закажан со почеток во 16 часот, Македонија влегува како аутсајдер.