Леванте синоќа на свој терен со 1:0 го победи Реал Мадрид. Сите во клубот се во еуфорија, фановите исто така.

Еден од најдобрите во победничкиот тим беше и нашиот Енис Барди, а тоа публиката не го заборава. Па така по натпреварот, при излегување на стадионот, Барди беше „сардисан“ од повеќе навивачи на Леванте кои сакаа автограм од нивниот миленик.

Македонскиот репрезентативец стрпливо, како вистински професионалец, речиси половина час им даваше потписи.

Во ложата на стадионот „Сиудат Валенсија“ беше и нашиот селектор Игор Ангеловски, кој просто уживаше во претставата на Барди.