Не само играта, во Русија новинарите имаа бројни прашања до Александар Тодоров. Едно од нив беше дали Македонија во моментов има друго квалитетно име кое игра под обрачите и можело да се најде на списокот за овие квалификации.

„Не немаме други играчи. Ние сме земја од два милиони луѓе, вие само во Перм имате еден милион“, беше првиот одговор на Тодоров, кој потоа продолжи.

„Имаме играч кој во моментов игра во младиот тим на Барселона. Се вика Теодор Симиќ, син на Тони некогашен кошаркар. Тој сигурно ќе биде добар играч и лидер во репрезентацијата, но има само 16 години. Наскоро ќе се најде на потесниот список на овој национален тим“.