Фудбалерите на Барселона утре изутрина треба да пристигнат во Италија, каде в вторник играат против Наполи во осминафиналето од Лигата на шамионите, а италијанските медиуми јавуваат дека фудбалерите на каталонскиот гигант прво ќе подлежат на тестирање.

Тие ќе подлежат на тест за корона вирусот, со оглед на тоа дека во северот на Италија се појави епидемијата и веќе има двајца мртви и околу 80 заболени. Италијанските власти веќе одложија четири меча од Серија А за викендов.

Во Наполи нема случај на корона вирус, но играчите и стручниот штаб ќе мора да го минат тестирањето.