Максимален удар на шампионот Работнички му нанесоа одбојкарките на Вардар во дербито од второто коло во разигрувањето за плеј-офот. „Црвено-црните“ му вратија на градскиот ривал за идентичниот пораз во есенскиот меѓусебен дуел, а со тоа и го освоија врвот на табелата во нашата најквалитетна женска одбојкарска конкуренција.

Вардарки сега имаат биланс 12-1, а Работнички 11-2, со оглед дека бранителките на двојната круна загубија и од Струмица жени на гостувањето во претходната натпреварувачка етапа.

Со задоволството од овој триумф, екипата на Вардар вчера ја заврши и обврската во купот, па по втората победа над Виктори волеј, овој пат дома, исто така со 3:0, го потврди пласманот во полуфиналето. На реваншот од фазата на најдобрите осум беше 25:11, 25:10 и 25:17.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ

РАЗИГРУВАЊЕ ЗА ПЛЕЈ-ОФ, 2. КОЛО:

Работнички Скопје – Вардар жени 0:3 (20:25, 23:25, 20:25)

Јанта волеј Форца – Наковски волеј 2:3 (24:26, 27:25, 25:18, 15:25, 8:15)

Струмица жени – Виктори волеј 3:0 (25:20, 25:23, 25:15)

РАЗИГРУВАЊЕ ЗА ПЛАСМАН, 2. КОЛО:

УГД Студент – Пелистер волеј 3:0 (25:15, 25:22, 25:19)

Ускана – Македонија Макс 3:0 (25:19, 25:20, 25:13)

Бами Кор – Универзитет во Тетово 0:3 (22:25, 11:25, 19:25)