Лидерот во најсилното машко одбојкарско друштво, Вардар ита кон титулата на Џио Струмица, откако во првото соочувањето од „трката“ за место во плеј-офот го победи бранителот на титулата со 3:2 (25:14, 20:25, 25:21, 20:25, 15:6).

Во мечот кој траеше два часа, вардарци ја потврдија убедливата победа од првото меѓусебно соочување, се зацврстија на врвот на табелата, но исто така ги загубија и првите два сета сезонава, и тоа во 10 меч.

„Црвено-црните“ имаа одлично отворање на средбата и првиот меч го добија со убедливи 25:14, но струмичани понудија дел од шампионскиот сјај во продолжението кога се играше интересен и неизвесен дуел. Постојаната резултатска промена и тактичкото надмудрување ги однесе во „тај-брејк“ откако Џио изедначи на 2:2.

А во клучниот сет Вардар имаше одлична игра во поле, надополнета со расположениот Симовски, кој со ас сервис ги донесе на 8:3 на промена на страните. Грешките на струмичани им одеа во прилог и со високи 15:6, односно конечни 3:2 дојдоа до победа.