Новак Ѓоковиќ имаше фуриозен старт на турнирот во Дубаи, каде за 61 минута го победи Тунижанецот Малек Јазири со 6:1, 6:2.

Србинот покажа дека е далеку поквалитетен од својот противник и без никаков проблем ја елиминираше првата пречка.

Германецот Филип Колшрајбер е противник на Ѓоковиќ во следното коло откако во три сета славеше над Сафват.