Бојан Радуловиќ и Марин Морнар од денеска и официјално не се кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром. Веста ја потврдија од клупското раководство.

Нивното заминување беше најавено, како дел од најавените промени во ростерот на тимот во пресрет на решавачкиот дел од сезоната во двете домашни натпреварувања и АБА2-лигата. Морнар одигра 18 натпревари во регионалното натпреварување со просек од 5,1 поени и 2,7 кока, додека Радуловиќ настапи на 11 средби со просек од 2,5 поени и 2,8 скока. Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби.