Двете најголеми фудбалски ѕвезди на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси би можеле да заиграат во ист клуб во блиска иднина, тврди тренерот на МЛС-клубот, Минесота Јунајтед, Адријан Хит.

Хит е уверен дека Дејвид Бекам, сопственикот на Интер Мајами, ќе ги донесе голгетерите во својот тим.

„Со оглед на врските кои Бекам ги има со играчите, како и планот, кој го има направено за Интер Мајами, веќе ги гледам Меси и Роналдо во екипата. Мислам дека тие ќе играат заедно во Мајами“, изјави американскиот тренер за „Мирор“.

Нема никаква тајна во тоа дека Бекам во својот клуб сака да ги донесе најголемите ѕвезди од Европа, како и фактот дека поголемиот дел од нив сакаат да се пробаат во МЛС-лигата.