Иако минатата недела „Марка“ објави информација дека голманот на Вардар, Калифа Гедбан следната сезона се сели на голот на Адемар Леон, еден од локалните весници во Леон денеска излезе со информација дека договор меѓу двете страни не е постигнат.

Гедбан нема да потпише договор со шпанскиот тим, затоа што двете страни не успеале да се договорат за платата. Алжирецот беше голема желба на тренерот Каденас, но условите што ги поставил Гедбан за преселба во Адемар биле нереални, сметаат Шпанците.

Сега како нова опција за продолжување на кариерата на голманот на Вардар е Катар.