Искусниот кошаркар Маркиф Морис од синоќа е ново засилување за лидерот на Западот во НБА лигата, ЛА Лејкерс.

Лејкерс го отпуштија Демаркус Казинс пред неколку дена кој беше повреден пред почетокот на сезоната и беше јасно дека нема да се врати на паркетот до крајот на сезоната. Иако првично имаа трпение со него, на крајот беше решено дека е најдобро Казинс да го напушти клубот.

Лејкерс реагираа експресно, доведувајќи го Морис како замена. Синоќа веста ја потврдија од клубот, а Морис ќе игра за „езерџиите“ до крајот на сезоната. Тој претходно играше за Детроит Пистонс, а помина еден дел од својата кариера и во Феникс Санс, Вашингтон Визардс и Оклахома Сити Тандер.