Второто „Ел Класико“ сезонава се игра в недела во Мадрид, а Зинедин Зидан има и тоа какви главоболки.

Остана без Азар, кој одново се повреди, Родриго е суспендиран, а постои шанса во тимот да го нема ниту капитенот Серхио Рамос. Според шпанските медиуми, Рамос е под истрага на Фудбалската асоцијација откако ги навредувал судиите по поразот од Леванте во последното коло.

Судијата Хернандез во записникот навел дека капитенот на Реал го навредувал по мечот, а за тоа Рамос би можел да заработи казна со забрана за настап на еден натпревар и би го пропуштил „Ел Класико“.