Викендов четири натпревари од Серија А беа одложени, а сега се појавува опција за откажување и одложување на сите натпревари и од следното коло во најсилната италијанска лига, поради страв од епидемија од корона вирусот.

Но, набиениот распоред може да создаде дополнителни проблеми, па првите луѓе во Серија А бараат да им биде дозволено да се играат натпреварите пред празни трибини за да не се наруши календарот. Дополнителен проблем е и фактот дека на летово се игра Европското првенство.

Италијанските медиуми шпекулираат дека можно е барањето да биде одобрено и викендов да се играат дуели пред празни трибини, како што тоа ќе биде случај во меѓот од Лига Европа меѓу Интер и Лудогорец, кој ќе се игра на „Меаца“ без публика.