Баерн Минхен веќе може да се каже дека е четвртфиналист откако вечерва на „Стемфорд Бриџ“ го совлада Челзи со 3:0. По првото полувреме немаше голови, а во второто баварците го заиграа својот танц за кој „сините“ немаа решение. Во период од 51 до 54 минута Серж Гнарби два пати ја погоди мрежата на домашните, а во 76 минута во листата на стрелци се запиша и Роберт Левандовски.

Во 82 минута неволјите за Челзи станаа поголеми затоа што Маркос Алонсо доби црвен картон (судијата прегледа ВАР поради удар на Шпанецот без топка) па немаше сили барем да намали.

Баерн ќе има огромна предност во реваншот на свој терен за две недели.