Дрис Мертенс донесе водство за Наполи против Барселона, но гостите изедначија и со реми си одат дома. Наполи може да жали за тоа што не го победи шпанскиот првак затоа што беше подобар ривал во поголем дел од мечот. Лоренцо Инсиње вели дека Наполи може да жали што пред своја публика не ја доби Барса.

Резултатот остава горчина во устите затоа што игравме одлично, се жртвувавме, оставивме срце на теренот. Можевме да ги победиме. Сега ќе мора да одиме на победа во Барселона. Ќе мора да преземеме поголеми ризици и да играме посигурно во нападот за да се пласираме во четвртфиналето“, изјави Инсиње.

Беше супер да се игра против Меси. Прв пат играм против него. Пред мечот му реков да ми го даде дресот. По мечот си го добив. Среќен сум“, изјави Италијанецот.