Во Парагвај се одигра мечот помеѓу Генерал Диаз и Гуарене во рамките на 6. коло на Апертура, а мечот го одбележа голема грешка на голманот Густаво Сердан. Откако прими повратен пас од соиграчот Сердан се обиде да дрибла, тргна накај голот беше нападнат од противнички играч па се сопна од топката и падна, а таа се истркала во голот. Гостите ни виновни ни должни стигнаа до водство.