Челзи вечерва на Стемфорд Бриџ ќе биде домаќин на Баерн Минхен во првиот 1/8 финален натпревар, и со проблеми ќе го одигра овој натпревар со оглед дека ќе нема неколку клучни играчи.

Лампард пред натпреварот истакан дека ќе остане без услугите на Нголо Канте, како и без крилниот играч Кристијан Пулишиќ. Двајцата имаат повреди.

Вечерва нема да игра ниту Калум Хадсон-Одои кој не е доволно подготвен за настап.

„Пулишиќ не игра, Хадсон-Одои не игра, Канте не игра“, рече Лампард кој потврди дека во составот ќе конкурираат Педро и Лофтус-Чик.