Вечерва се играат уште два меча од осминафиналето на Лигата на шампионите, а во најинтересниот Наполи на „Сан Паоло“ води со 1:0 против моќната Барселона. Погодокот го постигна Дрис Мертенс во 30 минута. Тоа беше негов 121 гол за Наполи со што се изедначи со рекордерот Марек Хамшик по број на голови за Наполи.

Белгиецот шутна силно од 15-тина метри, а голманот на Барса Тер Штеген не успеа ни да се помрдне од голот. Македонскиот интернационалец Елиф Елмас е на клупата.

Во Лондон нема голови на дуелот помеѓу Челзи и Баерн.