Во интервју за руско „Реално Време“, Американецот од УНИКС Казан Џордан Теодор зборуваше за настапите во македонската репрезентација и како добил шанса да игра за оваа репрезентација иако претходно не одиграл во ниту еден локален клуб.

„Тогаш играв за турски Банвит и бев еден од најдобрите играчи во турската лига. Македонците регрутираа американски играчи кои можат да му помогнат на националниот тим. Добив многу понуди од различни репрезентации кои сакаа да ме видат кај нив. Но благодарение на мојот драг пријател Бо Мек Кејлеб, завршив во Македонија. Му верував на него и го одбрав македонскиот дрес. Одиграв неколку натпревари за Македонија тоа лето. Тие натурализираа неколку играчи. Меѓу нив беше и Ричард Хендрикс. Се уште имам македонско државјанство, но не верувам дека повеќе ќе играм за нив“, изјави Теодор кој беше засилување за квалификациите за СП 2019.