Ферари се реши да го затвори својот музеј во Маранело, поради ширењето на коронавирусот. Северниот дел на Италија во моментов е најголемо жариште на смртоносниот вирус, кој веќе однесе седум животи.

Согласно упатствата на локалните власти, Ферари ги затвори музеите во Маранело и Модена, ограничен е пристапот до базата за вработените – жители на заразените региони.

Тимот ги откажа и сите службени патувања освен најпотребните. Музејот во Маранело ќе биде затворен најмалку до 1 март.