Денеска се одржаа трките на 10 километри во машка и на 5 километри во женска конкуренција на 57. Мавровскиот меморијал 2020 година.

Победник на трката на 10 километри е Романецот Петрица Хогиу, а второто место го освои Босанецот Милош Чолиќ, додека на пиедесталот, но на третото место се искачи уште еден босански скијач, Ерик Страхија. На нашиот најдобар нордиец Ставре Јада го освои четвртото место.

Во женска конкуренција на 5 километри победи Хрватката Ведрана Малец, втора е српската скијачка Маида Дрнчиќ и третото место и припадна на Босанката Сања Кушмук. А најдобар пласман од нашите дами имаше Михаела Даноска која заврши деветта.