Во немоќ и разочарување, во самиот финиш на дуелот меѓу Челзи и Баерн (М) од осминафиналето на ЛШ исклучување кај домашните.

Шпанецот Маркос Алонсо од зад грб со рака го удри директно в лице полскиот голгетер во дресот на баварците, Роберт Левандовски, а иако тоа првично судијата Турпин не го забележа, на луѓето од ВАР собата, секако, не можеше да им побегне. Алонсо си заработи директен црвен картон.